Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, сега тренер на Дерби Каунти, ја потресе Велика Британија со скандал во кој неодамна се најде. Имено, Руни бил фатен со три девојки како се забавувал до раните утрински часови, додека со една дури и се бакнувал во ноќен клуб. Сепак, тоа што предизвика скандал беа фотографиите кои излегоа во меѓувреме.
На нив се гледа како Руни е во бесознание во друштво на полуголи девојки кои сами се фотографирале и истите слики ги споделиле на социјалните мрежи. Кога си дошол при свест, поранешниот напаѓач сфатил во каков хаос се нашол, па повикал полиција, тврдејќи дека станува збор за местенка и дека фотографиите не требало да се споделуваат без негово знаење.
Британски „Сан“ исто така излезе со идентитетот на тие девојки, а во прашање се манекенката Тајлер Рајан и нејзините пријателки Алис Мелвин и Брук Морган. Сите три имаат по 21 година.
Една од нив позирала во танга покрај главата на Руни.
Но, она што пред сè го загрижува менаџерот на Дерби е неговата сопруга Колин, на која добро ќе се измачи за да ѝ објасни што се случило. Инаку, ова не е првпат Руни да ја изневери својата сопруга.
Wayne Rooney loves a bird from barrow 😂 pic.twitter.com/UUkzlqJkgI
— Bibby (@Brad_Bibby99) July 25, 2021