четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Лекарите донесоа одлука: Дарко Лазиќ оди на уште една операција

Лекарите донесоа одлука: Дарко Лазиќ оди на уште една операција

Лекарите вчера го разбудија Дарко Лазиќ од вештачка кома, во која се наоѓаше откако минатата недела доживеа тешка сообраќајна несреќа во Брестач.

Состојбата на српскиот пејач засега е стабилна и тој веќе не е животно загрозен, но пред него е долг период на закрепнување.

После денешната визита, лекарите кои констатирале каква е состојбата на пејачот, велат дека наскоро ќе му ја оперираат ногата.

Како што се дозава, таа операција нема да биде денеска, но стручниот лекарки тим кој се грижи за пејачот ќе гледа тоа да биде што поскоро, со оглед на тоа дека кај Дарко поставени се екстензии како ногата не би почнала сама да зараснува.

Се очекува оперцијата да биде направена по една недела, кога состојбата на Дарко целосно ќе се стабилизира.

Најнови вести