Се чини дека Бредли Купер и Ирина Шајк имаат сериозни проблеми во нивната врска. Пред неколку дена папараците на „PageSix“ ги уловија на вечера во „Тајм Ворнер Центар“, каде според очевидци двајцата речиси не си размениле збор и се гледале кисело целата вечер.
Неименуван извор откри пред медиумите дека тоа не било моментална состојба, а дека светската двојка има посериозни проблеми.
– Тие се одвоени, и тоа е случај со месеци. Бредли е конечно трезен и фокусиран на неговата кариера, а Ирина сака постојано да излегува надвор. Таа дури замина сама за Ибица.
Додека Шајк ја користела секоја можност за забава и публицитет, Бредли бил на сосема друга страна.
– Тој мрази да биде прикажан во печатот и не му се допаѓа сликата што ја изградиле медиумите. Многу се иритира и избегнува да одговара на лични прашања, откри близок до ѕвездата.
МИА