Младата пејачка Луна Џогани на 15 јуни на свет ја донесе малата Миа, а некогашната ријалити ѕвезда ужива во секој момент со наследничката.
Луна во раните утрински часови сподели фотографија на која се гледа како го успива своето бебе со коментар „животот на мајките“.
Инаку парот минатиот викенд ја донесе ќерката дома од болница, а за медиумите изјавија дека повеќето работи сакаат сами да ги завршуваат иако имаат помош од роднините.