среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Луна Џогани примена во болница, во секој момент се очекува да се породи!

Луна Џогани примена во болница, во секој момент се очекува да се породи!

Порталот „Србија Данас“ ексклузивно дознава од многу блиски извори на семејството Џогани дека ријалити победничката Луна Џогани е примена во болницата „Народен фронт“ а пораѓајот се очекува секој момент.

Луна и Марко Миљковиќ се одлучија дека ќерката ќе ја крстат Миа, а сите во семејството со нетрпение го чекаа овој ден.

Луна едвај го чекаше овој момент, а во прилог на тоа зборуваат и нејзините објави, кои ги објави на својот Инстаграм профил последните неколку дена.

Сите нејзини фотографии во изминатите неколку дена беа посветени на бебето и начинот на кој таа се подготвува за доаѓањето на нејзината ќерка, а во објавите и се обрати директно на Миа, велејќи дека едвај чека да ја земе во раце.

Како што дознава „Србија Данас“, семесјтвото Џогани, таткото Марко Миљковиќ и нивните најблиски пријатели се собрани и со нетрпение ги очекуваат среќните вести, и се подготвени да прослават како што треба.

Да потсетиме, Марко сакаше да присуствува на породувањето, но поради состојбата со коронавирусот не доби дозвола од докторот за тоа.

Најнови вести