Српската пејачка Луна Џогани ужива во својата бременост, а доказ за тоа се честите видеа и фотографии кои ги споделува со фановите.
Овој пат младата пејачка и поранешната победничка на реалното шоу „Задруга“ го снимаше својот гол труднички стомак сакајќи да им покаже на сите како изгледа во седмиот месец од бременоста.
-Колку те сакам, напиша Луна на Инстаграм додека на видеото се гледа како бебето мрда во нејзиниот стомак.
Инаку таа заедно со своето момче Марко Миљковиќ очекуваат девојче кое ќе се вика Миа.