За фолк пејачката Адријана Кеш е добро познато дека нема ништо против естетските корекции и силиконите, бидејќи своевремено и самата призна дека ги зголемила градите.
Во денешно време силиконите се незаобиколен тренд, особено на естрадата, па ретки се таквите кои претпочитаат природно издание.
Но, нештата како да излегоа од границите на она „нормалното“ за око, па веќе не се размислува за големината на градите и усните – таа треба да биде што повпечатлива!
Адријана моментално е на турнеја кај нашинците во Америка, а оттаму преку Инстаграм им прати поздрав на силиконските дами кои претерале со кубикажата.
Чисто за да ги потсети, таа објави фотогтрафија од бабичка која во младоста сакала ултра „напумпаност“, а сега изгледа како што изгледа!