„Правдата е бавна, но секогаш стигнува. Институциите ја препознаа неправдата, сега на ред е судот! За божјиот, секој си одговара“. Со овој статус на својот Фејсбук-профил Елена Стефановска, водителка на емисијата „Живот со стил“ на 24 ТВ најави тужба против Сергеј Варошлија и 1ТВ, а заради тоа што била предмет на потсмев во емисијата „Мода со Сергеј Варошлија“
Таа претходно поднела претставка до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од каде по извршениот надзор се констатирани неправилности.
„Надзорот покажа дека се основани наводите од Претставката според кои, во овие изданија на емисијата се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и можни навреди“.
Извор: skopje1.mk