Во најголемите летни жештини Антониа Гиговска ги минува првите мајчински денови. Пејачката сето свое внимание гио има концертрирано на нејзиното штотоку родено синче, па така сега во домот се’ се врти околу малечкиот Киан.
Мајката иако млада и неискусна, и тоа како ревносно си ги брка работите, давајќи му ја сета мајчинска љубов и топлина на како што го нарече, малечкото „глувче“ заради кое вреди да се живее и животот има смисла и иднина.
Бебето како и секое бебе, најчесто спие, цица и „ги полни пелените“. Кога е буден тука е нежната мајчинска прегратка, толку нежна и слатка, што не може да ја замени ништо друго на светот.
Арно ама, во целата таа „семејна хармонија“ некој ќе праша, а што е со таткото во семејната распределба на обврските? Каде е музичарот, кого после прославата и мекиците никаде го снема? Потоа не сподели ниту една фотографија со синчето на социјалните мрежи?
Епа ако не сподели тој, сподели мајката, па Антониа постираше една фотографија на своите Инстаграм приказни која ја објасни целата ситуација. На неа малечкиот Киан мирно спие, а до него, спие и таткото Роберт. Дали „уморен од новиот живот“, од неспиење ноќе, ако бебето ги буди, што не би требало да му е проблем, зашто белким има навика од ноќните свирки да не легнува до доцна во ноќта или од нешто друго, важно…
Мама Антониа будно бдее додека синчето мирно спие, а таткото…? Таткото „уморен од новиот живот“ ги дели слатките сништа со синот!
Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa