Пејачката Анастасија Ражњатовиќ се најде во центарот на озборувањето поради нејзината објава на социјалните мрежи.
Откако синоќа покажа жешки кадри како лежи во када, 23-годишната Анастасија Ражњатовиќ сподели и една информација која привлече внимание.
Имено, наследничката на Светлана Цеца Ражњатовиќ и се допадна изјавата на американската актерка и пејачка Шер, па истата порака ја сподели на Инстаграм.
-Мама ми рече: „Душо знаеш еден ден ќе треба да се скрасиш и да се омажиш за богат човек“. Јас и реков: „Мамо, па јас сум богата“, гласеше цитатот на популарната Американка која Анастасија го сподели.