Пред неговата врска со Александра Пријовиќ да биде откриена, Филип Живојиновиќ не беше под лупата на јавноста како што е денес.
За него се знаеше малку, бидејќи ги избегнуваше медиумите, а исто така живееше во Америка каде прво градеше кариера на тенисер, а потоа и како спортски менаџер.
Животот му беше исполнет со луди журки и кратки авантури. Синот на Боба Живојиновиќ освои и скрши многу женски срца, што на познати, што на анонимни девојки.
Манекенката Софија Милошевиќ беше првата со која се појави во јавност. Нивната врска не потраја, а по неа, во неговиот кревет влета хрватската пејачка Маја Шупут.
Иако и двете ова го демантираа, хрватските медиуми тогаш пишуваа дека еден хотел во опатија одекнувал од воздишките на Маја кои доаѓале од собата на Филип.
Актерката маја манџука, го освои пред неколку години, беа складен пар, но се пукна набрзо и на изненадување на многумина.
Потоа во неговиот живот се појави Александра Пријовиќ и се се промени. Филип заборави на авантурите и другите девојки, па дури се одлучи и за брак.