Свршеницата на Дарко Лазиќ повторно ги избриша сите заеднички фотографии со пејачот.
Иако во јавноста се шпекулира за точната причина за оваа нејзина постапка, сепак извор близок до парот открива дека станува збор за семејна драма.
-Дарко имаше семејни проблеми и тоа многумина го забележаа. Изгледа дека во последно време не е во добри односи со Марина Гагиќ и поради сето тоа тој одбегнува да се појавува во јавноста и медиумите. Секој пат откажува гостувања и снимања, бидејќи не е расположен, открива изворот.
Тој додава дека сите мислеле дека Марина ќе го промени, но тој се врати на старо и стана неподнослив. Никогаш го нема дома, секогаш брза некаде…
-Пред некој ден дома се вратил пијан од прослава, што не и се допаднало на Марина. Тоа е само една од причините поради која се прелеала чашата, вели изворот.