По кратко и тешко боледување, на 61 годишна возраст пред четири дена почина хрватскиот поп пејач Масимо Савиќ.
Како што потврдија од неговата дискографска куќа, комеморацијата ќе се одржи во петок на 30 декември 2022 година во Хрватскиот народен театар во 11 часот. Во фоајето на Хрватскиот народен театар ќе има и Спомен книга во која ќе може да се потпише секој што ќе посака.
Последното збогување ќе биде во вторник на 3 јануари во 11 часот на Градските гробишта Задар.
-И комеморацијата и последното збогување се отворени за секој кој сака уште една шанса да се збогува со Масимо, забележува Aquarius Records.