Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кон крајот на летото беше во фокусот на јавноста откако бројни светски медиуми пишуваа дека се забавува со трансродовата манекенка Инес Рау.
Иако беа заедно видени и во јавност, сега сè укажува дека на нивната романса ѝ дошол крајот.
Британскиот таблоид „Daily Star“ пренесува дека успешниот Французин е во врска со манекенката Роуз Бертрам, атрактивна русокоса која привлекува внимание каде и да се појави.
„Бидејќи Мбапе и самиот влегува во светот на модата, не е чудно што се сретнал со неколку фантастични манекенки. Напаѓачот досега го поврзуваа со неколку познати убавици, а последната е 27-годишната Роуз Бертрам“, пренесува споменатиот медиум.
Парот наводно се забавува веќе некое време, а манекенката во јули стави крај на 8-годишната романса со холандскиот репрезентативец Грегори ван дер Вил.
View this post on Instagram
Роуз, чиј татко е Белгиец, влегла во светот на манекенството на 13 години, а оттогаш рекламира врвни брендови како „H&M“, „L’Oreal“, „Primark“ и „Agent Provocateur“.
View this post on Instagram
Веста дека Мбапе е во врска со Инес, која е воедно првата трансродова манекенка која се појавила на насловната страница на „Playboy“ во 2017 година, излезе пред два месеци. Парот беше заедно виден на фестивал во Кан, а потоа и на јахта, каде беа фотографирани насмеани и во интимна прегратка.
Сепак, ниту еден од нив не ги коментираше ваквите наводи.