петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

„Ме понижуваа, срцето ми се кинеше“: Александра Пријовиќ призна дека била жртва на насилство од врсниците – еве низ што поминала

„Ме понижуваа, срцето ми се кинеше“: Александра Пријовиќ призна дека била жртва на насилство од врсниците – еве низ што поминала

Александра Пријовиќ изгради успешна кариера, важи за една од најубавите пејачки на балканската јавна сцена, се исполни во улогата на мајка и внимателно го штити приватниот живот од очите на јавноста, но патот до успехот за неа беше трнлив и долг.

Имено, Александра живеела со својата мајка во Бели Манастир, а како што своевремено изјавила за медиумите, поминала низ еден облик на врсничко насилство, каде децата на училиште ја малтретирале и ја избегнувале само затоа што сакала да пее и затоа што тешко се справувала со потсмевот кој го трпела.

Александра Пријовиќ призна дека била жртва на насилство од врсници.

-Не ми беше лесно. Ова уште никому не сум го кажала, но бев жртва на децата на училиште. Не ме тепаа, но психички ме малтретираа, ја започнала својата шокантна приказна.

„Ме понижуваа, ме нарекуваа сиромашна пејачка. Ме исмејуваа секогаш, каде ќе стигнат. На училиште после секој мој настап носеа снимки и ги пуштаа. Тие се смееја гласно, слушнав и видов се. Верувајте, во тие моменти срцето ми се кинеше“– рече таа и нагласи дека сега истите тие деца сакаат да и бидат пријатели.

Александра Пријовиќ призна дека децата ја исмејувале на училиште.

– Ми се јавуваат, ми пишуваат на Фејсбук и ме поддржуваат. Сега сум им слатка, убава, фина и драга. На сите им одговарам на пораките, но не заборавив како ме малтретираа, истакнала тогаш Александра, пренесува „Ало“.

Најнови вести