Ќерката на познатиот актер Алек Болдвин преку видео кое го објави на социјалните мрежи призна дека била силувана како тинејџерка.
Алек Болдвин неодамна ја шокираше јавноста кога објави дека со сопругата Хиларија го очекува седмото дете во седмата деценија, а потоа неговата ќерка Ајрланд (26) објави видео кое ги потресе сите.
Ќерката на холивудската ѕвезда во видеото што го сподели на TikTok вели дека била силувана како тинејџерка и дека никој не знаел за тој настан освен медицинската сестра на која се пожалила на преглед. Рекла и дека во тоа време многу пиела, се дружела и била во токсични врски и пријателства.
– Денес нема да ви кажам детално што се случи, но бев силувана кога бев тинејџер и бев целосно онесвестена кога тоа се случи. Тоа ми го смени текот на животот. Таа тајна ја чував за себе со години и бидејќи е така, таа ми предизвика многу болка на мене и на луѓето што ги сакам, признала Ајрланд, а потоа истакнала дека абортирала подоцна во животот.
@irelandshmireland I’m here for you ♥️ #fyp #roevwade #womensrights ♬ original sound – Ireland
Кога видела колку „други храбри жени ги споделуваат своите приказни“, ја натерало да размисли како би изгледал нејзиниот живот доколку забременила.
– И дека морав да одгледувам бебе за време на сето она низ кое поминував во тоа време… Имајте на ум, имам медицински ресурси, пари и поддршка до кои многу жени немаат пристап“, рече наследничката на Болдвин, откривајќи дека подоцна забременила непланирано од нејзиното момче.
– Тој прилично јасно ми стави до знаење дека никогаш не сакал деца или брак. Избрав абортус затоа што точно знам какво е чувството да се раѓаш меѓу двајца кои се мразат. И јас повторно би се избрала себеси. Тоа е твој живот, твој избор, призна Ајрланд Болдвин.
Алек Болдвин се уште е во центарот на истрагата поради смртта на Халина Хачинс, која почина за време на снимањето на филмот „Раст“, а неговите адвокати во документите доставени до судот тврдат дека таа сама е виновна за трагедијата.