Меган Фокс заедно со својот вереник Машин Ган Кели воодушеви со трансформацијата за Ноќта на вештерките, а инспирација за своите костими пронашле во поранешниот холивудски пар Памела Андерсон и Томи Ли.
Парот се вратил во периодот на 90-те години во улога на Памела и Томи на црвениот тепих на „Casamigos Tequila Halloween Party“ во петокот на Беверли Хилс.
Меган и нејзиниот партнер го ископирале изгледот на поранешниот пар од отворањето на „Hard Rock Hotel & Casinо“ во 1995 година во Лас Вегас, а 36-годишната актерка носела мини фустан од латекс со изрез во облик на срце.
Машин Ган Кели го ископирал изгледот на тапанарот во маица без ракави, покажувајќи ги тетоважите, црни кожни панталони и црна шминка.
megan fox attends at the annual casamigos halloween party in beverly hills ( october 28, 2022 ). pic.twitter.com/uvhxoSW1Fg
— best of megan fox (@meganfiIes) October 29, 2022
За потсетување, Фокс го запозна Кели во 2020 година на сетот на криминалистичкиот трилер „Midnight in the Switchgrass“ во кој глумат заедно. Тие се верија во јануари, а идниот младоженец потврди дека неговиот пријател Пит Дејвидсон ќе биде еден од кумовите.
Меган Фокс и Машин Ган Кели не се први кои оваа година го ископираа изгледот на Андерсон и Ли. Поранешниот пар го глумеа Лили Џејмс и Себастијан Стен во серијата „Pam & Tommy“, која раскажува како нивната интимна снимка била неславно украдена во 1995 година.