недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Не сака да користи ботокс и филери: Памела Андерсон откри зошто престанала да се шминка

Не сака да користи ботокс и филери: Памела Андерсон откри зошто престанала да се шминка

Актерката Памела Андерсон неодамна откри зошто повеќе не сака да се шминка.

Имено, во интервју за магазинот Elle таа рече дека се откажала од шминката за да има поголема контрола врз својот изглед.

56-годишната актерка ги замени своите тенки веѓи и шминка за природен изглед. Таа истакна дека одлуката ја донела во 2019 година кога нејзината шминкерка Алексис Вогел починала по битка со ракот на дојката.

-Таа беше најдобра. И оттогаш почувствував дека без Алексис е подобро да не се шминкам, открила Памела Андерсон.

Својот нов изглед го нарече „ослободителен, забавен и малку бунтовен“. Таа изјавила дека сите изгледаат по малку смешно како што стареат и дека и е невообичаено да се гледа себеси во огледало. Додала и дека повеќе би сакала да старее отколку да користи ботокс и филери.

Најнови вести