петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Памела Андерсон позираше без грам шминка: Луѓето се воодушевени од нејзината природна убавина

Памела Андерсон позираше без грам шминка: Луѓето се воодушевени од нејзината природна убавина

Холивудската актерка и најпозната Плејбој зајачица Памела Андерсон, отсекогаш била позната по изразениот сексапил и извајана фигура на тело.

Со годините нејзината атрактивност не бледнее, токму спротивно – зрелоста ѝ донесе дополнителна самодoверба, а парот брчки повеќе придонесува за нејзината убавина.

Пам има повеќе самодоверба од претходно, а за тоа сведочи нејзиниот опуштен и самоуверен став на настаните, но и фактот што по повеќе од 30 години кариера конечно почнала без проблем да позира во природно издание, без грам шминка.

Таа неодамна позирала за насловната страница на магазинот „WWD“, а ниту на една од фотографиите настанати на тоа фотографирање не е нашминкана.

Славната 55-годишна жена на фотографиите нема ни грам шминка, го покажува своето природно издание, пеги и дозволува нејзините прекрасни сини очи да дојдат до израз. Актерката на овие фотографии нема ни средена фризура, туку нејзината коса е бушава, со природна текстура.

Таа фотографиите ги споделила на Инстаграм со емотивен и краток опис:

„Попрво на светот ќе му ги покажам своите пеги… Забавно е да старееш. Тоа е олеснување. Во одредени години едноставно изгледаме посвежи и помлади без шминка. Ова сум јас – среќна сум со тоа која сум сега. Ова е новиот свет. Многу сум благодарна на сите луѓе“, напишала таа.

Мора да признаеме дека Андерсон без шминка изгледа дури и подобро отколку кога е нашминкана, нејзината нежност доаѓа повеќе до израз и секако остава впечаток дека е барем 10 години помлада отколку што навистина е.

Таа вели дека тајната на нејзината убавина се крие во активната грижа за себе – нејзината рутина на нега се состои од редовна масажа на лицето и третмани на лицето со кислород. Таа обожува пилатес, а кога нема време шета во паркови и се истегнува доволно за да ја одржи својата кондиција.

Најнови вести