FOTO: E-STOCK/ČASLAV VUKOJIČIĆ
Александра Пријовиќ остана во шок кога непосредно пред почетокот на концертот дозна дека во публиката ќе биде и Шериф Коњевиќ. Пејачката јавно му се обрати на пејачот и побара од публиката аплауз.
-Навистина не знаев дека во публиката ќе има човек кого многу го ценам и почитувам. Кога слушнав пред концертот, бев шокирана. Ви благодарам што сте тука да ме поддржите, многу ви благодарам, рече пејачката.
Да потсетиме, Шериф Коњевиќ пред почетокот на спектаклот ги откри деталите од неговото познанство со нПријовиќ.
-Многу ми е драго што успеа толку многу, се знае која е, апсурдно е да се каже било што. Јас и таа работиме заедно долго време, јас ги пеам нејзините песни, а всушност не пеам само машки песни, но знам дека таа ги сака моите, рече тој.