Прстите на кралот Чарлс III се во очите на јавноста откако ја доби титулата по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.
Имено, многумина биле загрижени за неговото здравје, бидејќи неговите прсти изгледаат многу отечено, но имало и такви кои решиле да се пошегуваат со неговиот изглед.
Па така, месар од Нов Зеланд во понудата ставил колбаси кои ги нарекол „King Charles Fingers“.
Од месарницата на социјалните мрежи објавиле фотографија од колбасите со натпис „King Charles Sausage Fingers“.
Непосредно пред тоа објавиле и фотографија на која Чарлс наместо со прсти е фотошопиран со колбаси.
Инаку, Чарлс своите прсти сам ги нарекол „колбаси“ најмалку двапати, вклучително и додека бил на турнеа во Австралија во 2012 година.
За потсетување, доктор Герет Нај од Универзитетот во Честер, за магазинот „Дејли стар“ изјавил дека најверојатно се работи за артритис, автоимуна болест која предизвикува воспаление, односно отекување на прстите и зглобовите.
Овој здравствен проблем најчесто се јавува помеѓу 45-та и 65-та година од животот.