Американскиот глумец Мет Дејмон повторно повика на борба против корона-пандемијата, а како едно од најефикасните оружја ја наведе вакцината.
-Тешко ми е, имам неколку пријатели кои се имунокомпромитирани и не можат да се вакцинираат, така што немаат друг избор освен да се потпрат на нас останатите да си ја одработиме својата улога за да стигнеме до имунитетот на народот („толпата“). Така јас гледам на тоа. Би сакал да излезе овој народ и да рече: „Видете, ако сите го сториме ова, тогаш ќе се заштитиме едни со други подобро“, отколку – „Па, јас не сум во оваа група и не мора да се грижам оти нема да ме повреди толку многу“. Само е треба да велиме „јас“, туку „ние“, вели ѕвездата на филмот „Зараза“ (Contagion) од пред 10 години, кој многу потсеќа на денешната реалност.
Глумецот натаму вели дека Америка е слободна земја и секој одлучува за себеси, но и советува:
– Верувајте ѝ на науката повеќе отколку она што го читате на Фејсбук.
Во мигов, глумецот е актуелен со трилерот „Мирен како водата“ (Stillwater). (МИА)