вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

МИ ГО ПОПЛОЧИ ПАТОТ ДО ПЕКОЛОТ – Ана Николиќ ја обвини својата мајка за ужасната состојба, навикнав да бидам црна овца во фамилијата! (ФОТО)

МИ ГО ПОПЛОЧИ ПАТОТ ДО ПЕКОЛОТ – Ана Николиќ ја обвини својата мајка за ужасната состојба, навикнав да бидам црна овца во фамилијата! (ФОТО)

Приватната снимка од пејачката Ана Николиќ ја загрижи јавноста.

Имено таа ги покажа раните кои ги има на лицето, а за својата здравствена состојба ја обвини својата мајка.

-Нејќев да лажам на кожното одделение и луѓето да зборуваат дека имам психијатриско оболување и да ми треба психијатар. Тоа е моја дијагноза, почнува да раскажува пејачката па ја спомна својата мајка.

-Бидејќи мајка ми ме однесе на лекар, таа е многу загрижена за мене, навистина ли си загрижена за мене? Види на што личам, поради тебе, ти ме однесе на лекар, патот до пеколот поплочен со добра намера, вели Ана во видеото.

Инаку неодамна таа откри и во каков однос е со својата мајка.

-Мајка ми стално е во некоја улога на жртва, никогаш од ништо не и е доста. Никогаш не е доволно добро се што правам, јас се навикнав да не чинам и да сум црна овца во фамилија. Ја профатив таа улога и играм со гордост, воопшто јас немам грешки, изјави неодамна пејачката.

Ана нема сомневање дека личи на својата мајка, а фотографиите од неа го потврдуваат тоа.

Најнови вести