Миле Китиќ проговори за врската со Марта Савиќ, како и за неговиот иден зет Фран Пујас.
Популарниот фолк пејач Миле Китиќ со години е еден од најзастапените естрадни уметници, а секогаш бил во центарот на скандалите кога е во прашање врската со сопругата Марта Савиќ. Познато е дека Марта и Миле ја имаат прекрасната ќерка Елена Китиќ, која тргна по нивните стапки и денес е една од најбараните млади пејачи на српската естрада. Китиќ проговори за сите новости во животот, а откри и детали за врската на Елена со Фран Пујас.
– ОДиме, работиме, доаѓа лето, има уште работа. Прв пат бев во Доминиканска Република во февруари, далеку ми е тоа, не ми се допаѓа. Догодина ќе одам малку повеќе, жена ми е таму 5 месеци. Седам дома, се сончам, кафе и слива ракија, изјави Китиќ.
Во оваа прилика за прв пат индиректно се осврна на својот зет, реалити учесник Фран Пујас.
– Нејзин избор е, не ми е гајле! Важно ми е да и е добро и тој да ја сака. Ја поддржувам во се, немам официјален зет. Има 24 години, зрела девојка е, сама одлучува, јас не се мешам во тоа. Ја поврзуваа со разни луѓе, тоа е нејзин избор. Ни мене никој никогаш не ми избрал. Марта многу зборуваше со неа и добро го помина пубертетот со неа. Таа одигра голема улога со неа, мислам дека ја стави на вистинскиот пат. Понекогаш барам совет од неа – вели Миле.