Пејачката Милица Тодоровиќ објави фотографија од почетокот на кариерата и ги воодушеви колегите и обожавателите.
Милица е на јавната сцена од 2005-та година, а иако секојдневно е на јавната сцена, ретко кој се сеќава како изгледала на почетокот на кариерата.
Со оглед на тоа што е активна на социјалните мрежи, често можеме да видиме некои детали од нејзиниот приватен живот, па покажа и како изгледала во 2007-ма година.
-Најдов слика од Австралија, 2007 година! Кога ќе го вратам филмот и ќе се сетам што доживеав, видов, патував… Лесно можам да одам во пензија, напиша Милица гордо со фотографија на која се гледа дека не се променила многу.
View this post on Instagram
Колешката Александра Пријовиќ коментираше: „Колку си убава“.