Милица Тодоровиќ не крие колку е приврзана за семејството, а малкумина знаат дека пејачката има две сестри Јована и Анѓела, како и брат Владан.
Нејзината сестра Јована е мажена, а и нејзиниот зет одреден период бил нејзин менаџер. Сепак, се шпекулираше дека меѓу нив имало несогласувања, но пејачката никогаш не сакала да ги коментира семејните односи.
Милица често објавува фотографии од нејзините сестри на Инстаграм, нагласувајќи дека е горда што ги има, а нејзините обожаватели истакнуваат дека е очигледна сличноста меѓу неа и нејзините сестри.
Тодоровиќ порасна во големо и хармонично семејство, а во едно интервју откри дека и таа посакува да има свое семејство.