четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Многу болка и грижа„ – по низата скандали конечно се огласи мајката на Бритни Спирс

„Многу болка и грижа„ – по низата скандали конечно се огласи мајката на Бритни Спирс

Бритни Спирс (39) веќе 13 години е под старателство на група луѓе, вклучувајќи го и нејзиниот татко 68-годишниот Џејми Спирс.

Бритни неодамна безуспешно се обиде да се избори за прекинување на старателството. Нејзината мајка сега за прв пат го прокоментира случајот, а Бритни наводно повикала полиција ноќта пред да сведочи и пријавила злоупотреба во старателството.

Лин Спирс (66), наводно, му шепнала на еден репортер за другите да не ја слушаат како зборува:

-Моите чувства се измешани, не знам што да мислам. Сè е проткаено со многу болка и грижа, рече таа.

Лин и Џејми пораснаа заедно, а нивниот брак беше проблематичен од самиот почеток. Тие наводно предале документи за развод и потоа ги повлекле, а  Џејми се борел со алкохолизам. Конечно се разведоа во 2002 година, а Бритни тогаш изјави дека тоа е најдоброто нешто што можеше да му се случи на нејзиното семејство, по години несреќен брак.

 

Најнови вести