Поранешниот фудбалер Жерар Пике зборуваше за хит песната на Шакира „Bzrp Music Sessions, Vol. 53“, во која пејачката ги “нападна“ него и неговата девојка Клара Чиа.
Зборувајќи со новинарот, Пике навести дека неговата поранешна не се грижи за чувствата на другите.
-Денес е многу модерно да се напаѓа човек, но не размислуваме за последиците што може да ги има на ментален план за личноста на која е упатено, коментира тој, додавајќи:
„За една личност излегува одлично, но не размислуваме за другата потоа“.
-Што треба да се случи? Можеби некој ќе изврши самоубиство, а ние ќе речеме: „О, дали отидовме предалеку?“ Многу сум разочаран од општеството, рече тој, а ги критикуваше и фановите на Шакира.
Со сериозен тон, Пике откри дека песната на Шакира го натерала да се чувствува како да е мета.
-Не знаеш што добив од нејзините обожаватели. Не ми е грижа бидејќи тоа се луѓе кои воопшто не ги познавам, рече тој.
-Не знам, можеби немаат живот. Каква важност треба да им дадете? Нивната важност е нула. Никогаш во животот нема да ги сретнете, тие се како роботи, додаде тој.
Да потсетиме, Шакира вчера ја напушти Шпанија со двата сина и со нив планира да започне нов живот во Мајами.