среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Мојата мајка не готви, најмногу сака да спие“: Ќерката на старлетата ја издаде мајка си во училиште

„Мојата мајка не готви, најмногу сака да спие“: Ќерката на старлетата ја издаде мајка си во училиште

Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, има четири деца од бракот со раперот Канје Вест, од кој своевремено се разведе.

Како причина за разводот, Ким наведе: „Поради своите деца и сопствениот разум го направивме тоа“, а потоа таа го вратила и своето моминско презиме.

Слободното време Ким го поминува со децата Норт, Сејнт, Чикаго и Псалм, а на Денот на мајката таа споделила писмо кое ја насмеало и неа и нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

„Мојата мајка има 22 години“, пишува на почетокот од писмото, иако старлетата има 42 години, но тоа не е она што најмногу ја насмеало.

На прашањето што мајка ѝ најмногу сака да готви, во одговорот пишува:

„Мајка ми не готви. Таа има готвач“, напишала Чикаго, ќерката на Кардашијан, на што таа кратко прокоментирала: „О, мој боже“.

„Омилено јадење ѝ е салата. Кога одмара, најмногу сака да спие во својот кревет. Сакам да играм со неа. Многу е добра во теретана. Мојата мајка е специјална затоа што ме сака“, пишува во останатиот дел од писмото.

Потоа Кардашијан се „оправдала“, објавувајќи на „стори“ како подготвува нешто:

„Чи погреши, јас готвам“, напишаа Ким.

Најнови вести