Речиси нема некој кој не слушнал или прочитал нешто околу бурниот брак на принцезата Дајана и принцот Чарлс.
Дајана секогаш беше претставувана како миленичка на јавноста, додека нејзиниот сопруг секогаш беше несреќна половина од брачното дуо.
Експертите за говор на телото ги анализираа речиси сите јавни говори на кралскиот пар, па оттаму и многу шпекулации во минатото ја разбрануваше јавноста.
Откако кралскиот пар се разведе во 1994-та година тогаш официјално се потврди и аферата на Чарлс со Камила Паркер, а нападот кон принцот и медиумската критика само уште толку ги зголеми симпатиите кон Дајана.
Сепак во јавноста Дајана привлекуваше внимание и со своите фустани кои понекогаш беа и повеќе од провокативни.
Откако таа се појави во овој фустан истиот тој момент британските медиуми веднаш ја објавија веста за неверството на принцот, а краткиот црн фустан без ракави и длабоко деколте брзо стана светски тренд.
Овој фустан беше само одговор на Дајана за претрпеното неверство и тајна порака преку него: „Можеби тој има љубовница, но јас и понатаму сум најубава“.