Излезе во јавност исказот на Цеца која го дала непосредно по убиството на нејзиниот сопруг во 2000 година во хотелот Интерконтинентал во Белград.
Во нејзината белешка стои дека во кобното попладне со нејзината сестра и Жељко дошле во хотелот и се упатиле кон бутикот „Ла Франс“, додека Аркан седнал со пријатели во лобито.
Во еден момент слушнала истрели во лобито но не и дале да се приближи. Нејзиниот телохранител се стрчал кон неа со зборовите „пукаа во командантот“ и го побарал пиштолот што Цеца го имала во ташната.
-Собрав сили и истрачав до мажот. Жељко крвареше, се обидов да го реанимиран. Видов дека Манда е на место мртов. Се дерев некој да викне брза помош додека на Аркан му ја вадев крвта од устата-изјавила Цеца на полицијата.