вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

На Бритни Спирс конечно и е дозволено сама да вози автомобил, а веќе е фотографирана како крши закон

На Бритни Спирс конечно и е дозволено сама да вози автомобил, а веќе е фотографирана како крши закон

Американската пејачка Бритни Спирс (39) е фотографирана како вози автомобил со една рака, додека со другата го држела мобилниот телефон, со што го прекршила американскиот закон.

Имено, поп принцезата беше фотографирана зад воланот на нејзиниот бел мерцедес, само еден ден откако нејзиното момче Сем Ашгари направи мал судир во близина на нејзината вила во Калифорнија.

Неговиот инцидент се случи на 10 минути од куќата на Бритни, а Сем призна што се случило и за среќа никој од учесниците во сударот не бил повреден. По тој повод, тој бил фотографиран со двајца полицајци, на кои им рекол дека купил маслинов зелен џип, кој го возел кога се случил судирот, само две недели порано.

Од друга страна, што се однесува до Бритни, во Калифорнија не е дозволено возење автомобил со кој било електричен уред во рака, а разговор на телефон може да се одржи во случај на безжични слушалки или разговори преку Bluetooth и звучници.

Но, и покрај тоа што пејачката го прекрши законот, сите повторно се среќни што ја гледаат зад воланот, иако до неодамна од страна на нејзините старатели беше забрането да вози или да го вози нејзиното момче во автомобилот.

Најнови вести