Кралот на фолк музиката во регионот Шабан Шаулиќ на денешен ден пред една година загина во сообраќајна несреќа во Германија.
Семејството на пејачот неодамна одржа и помен по повод една година од смртта на пејачот.
А по поменот српските медиуми денеска на годишнината од неговата смрт на неговиот гроб пронајдоа и еден детаљ кој ги наежи сите, особено неговото семејство.
Имено на неговиот гроб било оставено лист со текстот од неговата песна „А каде сме сега“, а стиховите биле напишани рачно и под нив имало нацртано око и бела ружа.
Според ова авторот сакал да асоцира на неговата вечност како и ликот и делото на пејачот кои оставија голем белег во регионот.