недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

На познатиот српски актер и водител му се заканува петгодишен затвор – учествувал во физичка пресметка на дерби Ц. Ѕвезда и Партизан

На познатиот српски актер и водител му се заканува петгодишен затвор – учествувал во физичка пресметка на дерби Ц. Ѕвезда и Партизан

Популарниот српски актер и водител, Милан Калиниќ, се соочува со затворска казна во траење од пет години поради учество во тепачка на средбата помеѓу Црвена звезда и Партизан минатата година во април.

Тој на натпреварот влегол во дуел со еден од финансиерите на црвено-белите, Далибор Крковиќ и тоа со цел да го одбрани својот пријател, кој е директор на маркетингот во овој клуб, а кој бил удрен во глава. Калиниќ неколку пати со тупаница го удрил Крковиќ во главата, која потоа била целата во крв.

Актерот се товари за насилничко насилство на спортски натпревар, а судењето ќе почне на 26 јануари следната година, за што може да добие парична казна, но и казна затвор во траење од шест месеци до пет години. Видео од инцидентот може да видите на следниот линк.

Извор: Спорт1.мк

Најнови вести