четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НАЈТАЖНИОТ БОЖИЌ ЗА ОВОЈ ЧЛЕН ОД КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО – новиот крал го исфрлил од дворецот без око да му трепне!

НАЈТАЖНИОТ БОЖИЌ ЗА ОВОЈ ЧЛЕН ОД КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО – новиот крал го исфрлил од дворецот без око да му трепне!

Британскиот крал Чарлс го исфрли принцот Ендру од Бакингемската палата по скандалот со педофилскиот финансиер Џефри Епстајн и повеќе нема да смее да има канцеларија во палатата или да ја користи таа адреса за допишување, пишува „Дејли мејл“.

Повикувајќи се на извори, весникот наведува дека кралот му рекол на својот брат дека сега е оставен сам на себе, што ја прекинало врската со стариот начин на живот како работен член на кралската куќа.

– Секое присуство во палатата е официјално завршено. Кралот јасно стави до знаење. Тој повеќе не е работен член на семејството и сега е оставен на себе – рекол изворот.

Принцот Ендру утре ќе им се придружи на кралот и на другите членови на кралското семејство на божиќниот ручек во Сандригам, но нема да биде со нив за време на семејната прошетка до црквата.

Принцот Ендру постојано изјавуваше дека никогаш не бил близок со Епстајн, кој се самоуби во затвор во август 2019 година додека го чекаше судењето за обвиненијата за сексуална трговија и злоупотреба на деца.

Неговата поранешна девојка Гислајн Максвел, која моментално отслужува 20-годишна затворска казна на Флорида, минатата година беше прогласена за виновна за истите обвиненија.

Најнови вести