Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина, го прослави својот 18 роденден во луксузен ресторан.
На гламурозната прослава на полнолетството присуствуваа нејзините најблиски пријатели и семејството, додека момчето, фудбалерот на Црвена звезда, Андреј Ѓуриќ, не се одвојуваше од неа.
За оваа пригода Џина избрала краток црн фустан и сребрени чевли на високи потпетици, а како моден додаток носела црни ракавици. Таа позираше покрај огромна бела торта на пет ката, а околу неа имаше букети цвеќе и свеќи.