Ѓорѓе Ѓоковиќ денеска во црквата „Свети Марко“ ја завети својата вечна љубов со Сашка Веселинов. На црковната церемонија беа најблиските членови на нивните семејства, а сите погледи беа вперени во Јелена Ѓоковиќ.
Сопругата на најдобриот српски тенисер дојде во едноставна комбинација, бела кошула и крем панталони, а многумина овој стајлинг би го окарактеризирале како обичен. Сепак, не е баш така.
На Јелена од глава до пети се е брендирано и скапо. Од елегантен стајлинг до чанта „Диор“ која чини 5.200 евра, како и луксузен накит кој вкупно чини околу 5.000 евра.
Сите останати се воодушевени од нејзиниот стајлинг, а нетрпеливо чекаат да видат како ќе изгледа на свадбената веселба која ќе се одржи во Црна Гора на тајна локација.