Пејачката Ксенија Кнежевиќ и членка на групата „Хурикејн“ веќе со години ужива во љубовта со извесното момче Никола кој не се експонира во јавноста.
Како што пишуваат српските медиуми, тие биле пријатели, па потоа и нивното другарство прераснало во љубов. Меѓутоа како што неодамна истакна пејачката двајцата се фокусираат на кариерите и не планираат брак и деца наскоро.
View this post on Instagram
-Момчето во кое сум заљубена го познавам целиот живот. Прво се дружевме, па потоа се роди љубовта меѓу нас. Пет години сме заедно и мислам дека тој ќе биде мажот за кого ќе се омажам. Не планирам во скоро време брак, ни деца затоа што сме млади. Двајцата сме фокусирани на кариерите, но кога ќе дојде време за тоа ќе се омажам, не бегам од тоа, откри таа во една прилика.
Таа инаку е единствената од трите во групата која веќе 6 години има момче.
View this post on Instagram