среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Не и беше доста што ги покажа градите на трибините – низ улиците на Аргентина го крена дресот среде улица, а кога се качи на бандера следуваше транс (ФОТО)

Не и беше доста што ги покажа градите на трибините – низ улиците на Аргентина го крена дресот среде улица, а кога се качи на бандера следуваше транс (ФОТО)

Навивачката на Аргентина, која стана хит на социјалните мрежи откако случајно беше фатена од телевизиска камера како ги разголува градите на финалето на Светското првенство е фотомоделка позната како Ное Дримс. Со видеото и фотографиите стана уште попозната низ светот.

Ное Дримс преку ноќ стана сензација благодарение на нејзиниот топлес настап на трибините и покрај тоа што станува збор за Катар, земја кадешто голотијата е строго забранета, а нејзината постапка ризикуваше апсење, па дури и долга затворска казна.

И не само Ное Дримс, позната стана и нејзината пријателка, извесната Милубарби, која исто така беше снимена разголена среде бурните прослави во чест на репрезентацијата на Аргентина, а медиумите ги овековечија нарекувајќи ги „Девојките во топлес“.

И додека фановите на Ное стравуваа каде е, таа се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и објасни дека се вратила безбедно дома. Како „доказ“ постираше нова серија секси фотографии.


Најнови вести