петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси: Не се враќам во Барселона

Меси: Не се враќам во Барселона

По повредата аргентинскиот фудбалер Лионел Меси на терените се врати со два гола за Аргентина во победата против Перу од 2:0, а по натпреварот зборуваше за неговите планови во иднина.

Во јавноста се шпекулираше дека би можел да се врати во Барселона на неколку месеци за време на паузата во МЛС лигата, но такво нешто сепак нема да се случи.

„Враќање во Европа? Не, тоа се е не е во моите планови. За време на паузата ќе продолжам да тренирам за да бидам во форма за следните натпревари на репрезентацијата. Потоа во Аргентина ќе ги поминам празниците каде што ќе се одморам и ќе бидам опкружен со драги луѓе“, изјави Меси.

Со оваа изјава Меси и дефинитивно ја затвори вратата за враќање во Барселона во блиска иднина.