-Мојата нова љубов е најголема и таа е вечна љубов, тоа е мојата инспирација, сила, волја, желба и потпора во животот, вели Ана.
Таа вели и дека ноќните излегувања и се преку глава и време е за пензионерски денови.
-Заспивам со кокошките, се будам со петлите, или да бидам попрецизна штом стане Тара јас сум веднаш на нозе, вели пејачката.
Таа додава и дека откако и се родила ќерката Тара нејзините приоритети во животот се промениле.