четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Не оди на неговиот гроб, но го чува подарокот кој и го подарил Тоше за нејзиниот последен роденден – еве што ќе има засекогаш Лилјана Петровиќ како спомен

Не оди на неговиот гроб, но го чува подарокот кој и го подарил Тоше за нејзиниот последен роденден – еве што ќе има засекогаш Лилјана Петровиќ како спомен

Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески, која беше со него во автомобилот ноќта кога почина македонскиот пејач, неодамна изјави дека секој ден се сеќава на него, иако не оди во Крушево.

-Не одам на неговиот гроб, бидејќи е насекаде околу мене. Само не сакам да прифатам дека го нема. Секогаш се чувствувам лошо во овој период, бидејќи ме потсетува дека тој навистина не е повеќе тука. Не можам да објаснам, вели Петровиќ и додава:

„Ги чувам сите подароци од него, сите ми се омилени. Нашите фотографии на кои сме насмеани, ми висат на ѕид. Го сакам неговиот часовник што ми го подари за мојот последен роденден. Ќе го чувам засекогаш“.

Најнови вести