четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Неговото тело го пронашле во шума: Славниот пејач се прости од најдобриот пријател кого го бараа со денови (ФОТО)

Неговото тело го пронашле во шума: Славниот пејач се прости од најдобриот пријател кого го бараа со денови (ФОТО)

Пејачот на култната група Ролинг Стоунс, Мик Џегер преку својот Инстаграм профил му оддаде почит на својот починат пријател Питер Бирд кој во неделата го пронајдоа мртов во близина на неговиот дом.

„Ме растажи веста за смртта на мојот пријател Питер Бирд. Беше визионер, уметник и фотограф кој не се плашеше да ризикува. Моите мисли се со неговата сопруга и ќерката Зара, напиша Џегер на својот Инстаграм.

Телото на Питер го пронашле во шумата во близина на неговиот дом откако тој исчезнал пред дваесетина дена. По него трагаа 75 полицајци, пожарникари и пријатели.

Тој инаку е познат во јавноста по тоа што се занимавал со многу супермодели и славни девојки.

Воедно беше и фотографот кој ја откри манекенката Иман која подоцна се омажи за Давид Боуви.

Најнови вести