Мајката на Нејмар, Надин, во неделата призна дека е во врска со 22-годишниот Тиаго Рамос, момче кое е помладо 6 години од нејзиниот познат син.
Фудбалерот наводно дал благослов за оваа врска, а 52-годишната Надин и 22-годишниот Тиаго наводно се многу среќни.
Приказната за љубовта помеѓу мајката на Нејмар и Рамос ги поттикнала британските медиуми да го истражат неговото минато, па дознале дека младиот Рамос пред Надин бил во врска со неколку богати мажи, меѓу кои е и личниот готвач на Нејмар, Мауро.
На списокот се наоѓаат уште и бразилскиот актер Карлињос, милионерот Едуардо Переира и експертот за маркетинг, Ириналдо Оливер кој и всушност открил дека Тиаго е бисексуалец.
„Бев во врска со Тиаго од 2017-та па сè до крајот на 2018-та година. Бев шокиран кога ја видов веста за неговата нова врска и оттогаш телефонот не престанува да ми звони. Шокиран сум, никогаш досега го немав видено со жена“, открил Оливер за бразилскиот „О Диа“.
Медиумите исто така откриле и дека Тиаго од милионерот Переира добил на подарок куќа и скапи автомобили, а наводно требало и да стапат во брак. Оваа информација ја изнесе бразилската новинарка Фабиа Оливеира која тврди дека поседува и фотографии од Тиаго и Переира, а во телефонот на милионерот, Тиаго бил мемориран како „Тиаго вечна љубов“.
„Едноставно некои работи не можат да се објаснат, доколку живееш… љубов“, напиша Надин на својот Инстаграм профил, а веднаш доби поддршка од својот син.
„Мамо, биди среќна. Те сакам“, и одговори Нејмар.