четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НЕЈЗИНАТА ДУШЕВНА СОСТОЈБА Е ЛОША – новата девојка на Пике се вратила во домот на родителите, посетува психолог и не смее да излезе на улица!

НЕЈЗИНАТА ДУШЕВНА СОСТОЈБА Е ЛОША – новата девојка на Пике се вратила во домот на родителите, посетува психолог и не смее да излезе на улица!

Клара Чиа Марти, девојката на Жерард Пике со која ја изневеруваше Шакира, наводно морала да побара психолошка помош откако пејачката ја повикала во новата песна, пишува „Marca“.

Шпанскиот новинар Саул Ортиз тврди дека Клара отишла во куќата на нејзините родители.

„Требаше да побегне бидејќи нејзината душевна состојба не е добра. Не е лесно да се биде 23-годишна девојка додека цела Шпанија и светот зборуваат за тебе. Полета и требаше да земе чекор за понатаму“, вели новинарот.

Девојката на Пике била запирана на улица и ѝ ја пеат песната на Шакира и сите ја препознаваат, но таа всушност е многу тивка и срамежлива девојка, пишуваат шпанските медиуми.

Пике неодамна на Инстаграм ја објави нивната прва заедничка фотографија, која предизвика голем број негативни коментари. Многумина му кажаа како им ги уништува животите на своите деца и дека треба да се срами од себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique)

Но, се чини дека Пике и Шакира се во добри односи бидејќи фудбалерот неодамна беше виден како расположена ја напушта својата куќа откако пејачката го покани на роденденската забава на нивниот десетгодишен син Милан.

Најнови вести