среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Некој сака да ми ја “скине“ главата: Дарко Лазиќ се огласи по скандалозната снимка од него

Некој сака да ми ја “скине“ главата: Дарко Лазиќ се огласи по скандалозната снимка од него

Неодамна на социјалните мрежи се појави видео од настапот на Дарко Лазиќ во Хановер на кое може да се види како тој само ја отвора устата, пеејќи ги хитовите на легендарниот Синан Сакиќ. Веднаш снимката беше наречена скандалозна бидејќи Дарко важи за еден од најдобрите пејачи, па го обвинија дека не пее во живо и дека не ги почитува колегите чии песни изведува.

Во оваа прилика се огласи Дарко Лазиќ кој откри дека некој намерно се обидувал да го саботира и постојано да објавува монтирани клипови во јавноста.

-Секое видео што ми го праќаа од социјалните мрежи е направено намерно. Се работи за некои луѓе кои не ми посакуваат добро и кои саботираат се. Не мислите ли дека е чудно што ова се појави два дена пред промоцијата на мојот нов албум? Некој сака да ми ја “скине“ главата, некој се обидува, а јас ќе дознаам зошто, вели пејачот.

Дарко додава дека е сигурен дека две-три снимки нема да го уништат целиот труд што го вложил во досегашната кариера.

-Ја имам поддршката од колегите, а секој кој барем еднаш дошол на мојот настап знае како пеам и работам. Давам сто проценти од себе и нема сомнеж во тоа. Ќе дознаам кој ме мести, па веднаш ќе ве известам, истакна тој.

Најнови вести