Ејми Вајнхаус почина на 23 јули 2011 година на само 27 години од својот живот.
Зад себе остави бројни хитови кои и ден денес се слушаат и го враќаат чувството на ангелскиот глас на пејачката.
Овие денови пејачката повторно е во центарот на вниманието откако светските медиуми ја пренесоа веста дека целото богатство кое го наследиле нејзините родители по нејзината смрт сега го бара нејзиниот сопруг со кого беше во брак шест години.
Поранешниот сопруг на пејачката Блејк Сивила бара да му се исплатат милион фунти бидејќи поминал со неа шест години и како што тврди е заслужен за многу од успехот на Ејми.
Ова прерасна во вистински скандал и овој срамен потег од него го осуди целиот свет како и семејството на пејачката кое вели дека тој не е заслужен за нејзиниот успех и дека само допринел за нејзиното лоша ситуација.
-Тој е некој кој потрошил многу од нејзините пари за време на нивниот брак, исто така поминал многу време во затвор носејќи им ништо друго освен болка на сите. Да му се даде него пари е премногу. Дел од нејзиното богатство да би добил тој е потценување за нејзиниот успех, вели извор близок до семејството.