Пејачката Барбара Бобак пред неколку месеци раскина со колегата, пејачот Дарко Лазиќ. Во интервју на таа тема за медиумите, на прашањето како се чувствува сега и дали жали по него, таа меѓу другото одговори дека е среќна ако е и тој среќен.
-Јас сум одлично. Кога немаш за што да жалиш, тогаш не страдаш. Немам за што да патам, категорично рече таа.
Ја коментираше и неговата нова девојка, покрај која, според пишувањата на некои медиуми, тој сигурно ја преболел.
-Одлично ако е така, навистина ми е драго. Ако таа му одговара, ако е среќен, среќна сум и јас за него. Да се живи и здрави, кратко изјави Бобакова.
На прашањето дали се сретнале по разделбата и дали би ѝ било непријатно да контактира со него, таа рече:
-Би го контактирала на најнормален начин, не го мразам. Омразата го јаде човекот. Немам нерви да мразам никого. Ја градам кариерата, се посветив на работата. Мојот живот не се базира на него, не е ни во мојот мал мозок, нагласи Барбара.