Џамал Едвардс, британски претприемач, Јутјуб ѕвезда и диџеј, ненадејно почина во неделата наутро на 32-годишна возраст, пишува „Дејли мејл“. Засега не е позната причината за смртта.
На само петнаесетгодишна возраст, Џамал основал канал на Јутјуб на кој објавува снимки од неговите пријатели како пеат. Тој основал онлајн музичка платформа, SBTV, која му помогнала да започне бројни музички кариери, вклучувајќи ја и онаа на Ед Шеран.
Последната објава на Џамал на Инстаграм, каде што го следеа повеќе од 150.000 луѓе, беше посветена на Ед Ширан.
На социјалните мрежи од него се простуваат бројни пејачки, меѓу кои и британската ѕвезда со потекло од Косово, Дуа Липа.
Од Џамал се прости и фудбалскиот клуб Челзи, со оглед на тоа дека беше нивен голем навивач.