Преубавата црнка од видео записот за песната „Гдје чу сад, моја ружо“ во која што Џеј Рамадановски со години беше вљубен пред пет години ненаденјно почина на 44-годишна возрст.
Фолк пејачот со денови беше во шок кога слушнал дека починала неговата Дубравка која што глумеше во неговиот спот. Преубавата црнка со коси очи која што многумина оставаше без здив почина на 44-годишна возраст. Кога Џеј дознал за трагедијата, за тоа што се случило со девојката во која со години бил заљубен буквално занемел.
-Долго време беше заљубен во нејзе, како и многумина, но никогаш не открил дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство, открива извор близок до пејачот, пренесува Ало.рс.
Таа имаше посебно место во неговото срце и останаа големи пријатели, но во последните години изгубија секаков контакт.
-Не можев да поверувам кога слушнав! Еве сега ми доаѓа да заплачам. Замина убавата Дуда. Беше многу добра жена, поштена и ова е навистина голема штета. Да и дадеше Господ барем уште малку да поживее. И сега се ежам кога зборувам за нејзе. Многу ми е криво што не сме се виделе, а последно време често размислував за нејзе. Како да било тоа некаков знак. Бог да ја прости, што можам друго да кажам сега кога веќе ја нема, рекол Џеј кога дознал за нејзината смрт и додал дека Дубравка секогаш ќе остане запамтена како убава Ружа со коси очи од неговиот видео запис.